Филип е Заменик Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ко-основач на веб порталот за банки и финансиски институции Bankarstvo.mk. Во моментов работи во Шпаркасе Банка Македонија како директор на експозитура, додека во минатото има работено на неколку позиции во банката започнувајќи од платен промет во земјата, соработник за електронско банкарство и платежни картички, потоа во секторот за работа со физички лица работел на развој на нови производи со посебен осврт на алтернативните канали на дистрибуција. Тој е еден од иницијаторите за основање на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во 2017 година, каде на почетокот e избран за Заменик Претседател и до ден денес е посветен за развојот на Асоцијацијата.
Филип има дипломирано на економскиот факултет на отсек маркетинг, а негови специјалности се: дигитализација и продажба.
Дарјан Раденковиќ е бизнис и маркетинг стратег, со огромно искуство од повеќе од 15 години во различни маркетинг и бизнис улоги во различни индустрии. Тој е сопственик на Zhar Ptiza, креативна агенција која се истакнува во областа на стратешката комуникација, маркетингот и дигиталната трансформација, како и партнер во Brainster и предавач на Brainster Next College.
Игор Гешовски е Магистер на Економски науки и Банкарски менаџмент. Истакнат финансиски консултант на домашни и странски клиенти од областа на повеќе економски сфери. Од 2010 година е Медијатор. Активно учествува во стратегиско планирање,координација и реализација на програмите за привлекување на странски инвестиции во РМ, со особен придонес во областа на Медицината и Енергетиката. Експерт за логистика при Start Up бизниси. Сопственик на Интер-Конс ЛТД, Еко Логистик Сервис и др.компании во комeрцијалниот сектор. Eксперт во областа на едукација за употреба на канабисот во медицински цели, и Консултант на неколку компании меѓу кои и HAPA medical GMBH – Групација за медицински канабис во Европа.