Првата годишна македонска конференција за е-Трговија имаше за цел да ги донесе на едно место клучните фигури во овој сектор за да се поврзат, состанат и да споделат знаења и искуства. Под насловот "е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!" конференцијата опфати четири главни теми: Развој, Плаќања, Испорака и Маркетинг, организирани во 10 главни предавања и 3 интерактивни панел дискусии презентирани од повеќе од 30 македонски и меѓународни говорници.
- 400
гости - 150
компании - 31
говорник - 8
држави
Што рекоа посетителите:
„Преубаво искуство, ми претставуваше чест што бев дел од конференцијата. Одлична замисла, организација и добро испланирано време.“
„Добро е што се одржа конференција за е-трговија, имаше позитивна енергија и тоа дава надеж дека ќе биде подобро. “
„Ова беше прекрасно искуство, се надевам дека наредната година ќе биде уште подобро.“
зошто не смеете да го пропуштите настанот:
Состаноци и нетворкинг
Запознајте претставници, претприемачи, основачи и менаџери на средно и високо ниво, како и институции од поширокиот еко-систем на е-трговија кои ќе присуствуваат на настанот.
Експо и стартапи
Како изложувач ќе имате можност да ја претставите вашата компанија/производ на поширока публика, а како посетител ќе може да ги видите новите и иновативни производи и стартапи.
Учете од искусни говорници
Бројни домашни и меѓународни говорници со богато искуство во полето на е-трговијата ќе бидат на една сцена, со една цел – да ви го пренесат своето знаење на тема е-трговија.
Бидете во тек со најновите трендови во е-трговијата
Кои се најновите трендови кои го движат е-пазарот?
Забава и дружење
Запознајте нови луѓе и најважно, не заборавајте да се забавувате!