хибриден формат

Ready, Set, Grow!

Најголемата годишна конференција за е-трговија во регионот

12 ноември 2021
DoubleTree by Hilton
Купи карта

Добредојде на E-commerce Conference 2021: Ready. Set. Grow! 🚀

Годишната конференција за е-трговија е место кое ги спојува врвните светски и домашни експерти со цел да ги споделат своите најуспешни тактики, искуства, стратегии и иновативни трендови од целиот екосистем на е-трговијата.

На 12 ноември придружете им се на повеќе од 400 учесници за еден ден исполнет со networking, презентации, панел дискусии, fireside разговори и Q&A сесии со повеќе од 20 врвни експерти кои имаат една заедничка цел: да споделат знаења, искуства и применливи совети и тактики кои ќе придонесат за растот на вашиот бизнис!

Погледни кои теми ќе бидат во фокус оваа година

Подготвени сте да ги искористите можностите, да примените нови тактики и значајно да ја зголемите онлајн продажбата?

Овaa конференција е за вас!

Клучни бројки за конференциите до сега:
  • 1000+учесници
  • 500+компании
  • 90+говорници
  • 20+земји
Приклучи се и ти

Говорници

Агенда

08:00 - 09:00 Регистрација и кафе
09:00 - 09:05 Официјално отворање - Гораст Цветковски, Актер и водител на конференцијата
09:05 - 09:10 Поздравен говор - Д-р Нина Ангеловска, Претседател @ Асоцијација за е-трговија на Македонија
САКАМЕ ДИГИТАЛНА НАЦИЈА
09:10 - 09:30 Како Естонија ја гради следната генерација на е-влада [EN]
- Отт Велсберг, Главен офицер за податоци @ Влада на Естонија
09:30 - 09:45 Fireside разговор: "Пристапот до финансии е клучен фактор за трансформација на еко-системот" [MK]
со Коста Петров, Директор на Фонд за иновации и технолошки развој

Модератор: Ивана Станковиќ, Стратешки советник @ ФИТР
РАСТОТ И РАЗВОЈОТ НА E-ТРГОВИЈАТА: THE COVID PUSH!
09:45 - 10:05 Растот на е-трговијата во С. Македонија поттикнат од COVID и понатамошниот развој / Извештај од анализата на е-трговијата [MK]
- Д-р Нина Ангеловска, Претседател @ Асоцијација за е-трговија на Македонија
10:05 -10:25 Преглед на развојот на е-трговијата во Европа [EN]
- Сара Лоне, Сениор истражувачки аналитичар за е-трговија, развој и дигитализација @ Универзитет за применети науки во Амстердам
10:25 - 10:45 Предвидување на непредвидливото [EN]
- Катија Силва, Сениор дата научник @ bol.com
10:45 - 11:00 Краток преглед на подвигот на Coca Cola во е-трговијa [MK] [Powered by Пивара Скопје АД]
- Милкица Геринска, Менаџер за е-трговија во Пивара Скопје АД
11:00 - 11:15 Кафе пауза
БЕЗБЕДНИ & ИНОВАТИВНИ Е-ПЛАЌАЊА
11:15 - 11:35 Е-трговија: Втора епизода – Нов почеток [EN]
- Габриел Гита, Потпретседател за бизнис развој за Централна и Источна Европа @ Мастеркард, Романија
11:35 - 12:10 Панел сесија #1: Поврзаноста на довербата, технологијата и регулативата! [EN] [Powered by Payten]
- Игор Кузевски, Заменик директор @ Агенција за заштита на лични податоци на Република С. Македонија
- Вања Манова, Менаџер за Бугарија, С.Македонија, Албанија и Косово @ MasterCard
- Киро Чадиковски, Директор на дирекција за банкарски картички и трансакциски сметки @ Комерцијална Банка АД Скопје

Модератор: Дамјан Дано, Специјалист за дигитална трансформација и Партнер @ IWM Network
12:10- 12:30 Воведување на ново искуство за плаќање во е-трговија [EN]
- Орхан Газибеговиќ, Менаџер на деловна единица за бизнис развој за Босна и Херцеговина, Црна Гора @ Monri Payments
12:30 - 13:15 Ручек
ПОВЕЌЕ ЖЕНИ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ И ПОБРЗ НАПРЕДОК
13:15 - 13:50 Панел Дискусија #2: Како и зошто поголема вклученост на жените? [MK] [Powered by Casys]
- Филомена Пљаковска Аспровска, Главен директор и Претседател на управниот одбор @ КаСис АД Скопје, Амбасадор за. С.Македонија @ European Women Payments Network (EWPN)
- Милица Весовиќ Денковска, Директор за дигитализација @ Philip Morris International
- Марија Томеска, Претседател на Управен Одбор @ Еуролинк Осигурување АД Скопје

Модератор: Д-р Нина Ангеловска, Жена-амбасадор за е-трговија на УНКТАД
ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ & НОВИ ТРЕНДОВИ
13:50 - 14:15 Развој на социјалната е-трговија - лајв стриминг, blind boxes, виртуелни чет-ботови: лекции од Кина [EN]
- Шерон Гаи, Директор за глобални клучни клиенти @ Alibaba Group, Кина
14:15 - 14:40 Моќта на апликациите за пораки: Како да ги ангажирате клиентите и да постигнете успех со помош на дигиталниот маркетинг [EN]
- Константин Костадинов, Раководител на продажба за Централна и Југоисточна Европа @ Viber (Rakuten)
14:40 - 15:30 Панел дискусија #3 - Маркетинг лекции од регионалните е-пазари: Што функционира, а што не? [EN] [Powered by GIZ]
- Воведно обраќање од Илир Реџа, Проектен менаџер за секторот е-трговија, Проект на Отворен регионален фонд за надворешна трговија @ Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ)

- Тамара Станчев, Директор за бренд комуникации и ТВ уредник @ Shoppster.com, Србија и Словенија
- Валер Пиндери, Основач и директор @ Aladini.al, Албанија
- Драгана Ѓокиќ, Директорка за продажба @ Grouper.mk, Македонија
- Јасмин Мариќ, Менаџер за бизнис развој @ Olx.ba, Босна и Херцеговина

Модератор: Дарјан Раденковиќ, Директор за бизнис развој @ Види Вака
15:30 - 15:45 Кафе пауза
15:45 - 16:05 Како когнитивната технологија ја менува грижата за клиентите: Совршена комбинација за задоволни клиенти [MK]
- Борче Ѓорѓески, Раководител на Контакт центар за клиенти @ А1 Македонија
16:05 - 16:25 Дигитална маркетинг стратегија која работи како швајцарски часовник [MK]
- Војдан Карапетковски, Извршен Директор @ КАРА 5
Музика, патување & е-трговија
16:25 - 16:45 Корпоративни иновации со ‘Design thinking’ и ‘Jobs To Be Done’: Лекции од развојот на мобилна апликација за патување [EN]
- Срѓан Прокиќ, Раководител за е-трговија @ AirSerbia
16:45 - 17:05 Kако рекламирањето на Spotify може да помогне за градење свест за вашиот бренд? [EN]
- Анна Горка, Spotify партнер директор @ Httpool
17:05 - 17:15 Квиз со награди [MK]
[Powered by A1 Македонија]
17:15 - 17:20 Затворање на конференцијата [MK]
- Д-р Нина Ангеловска, Претседател @ Асоцијација за е-трговија на Македонија
17:20 - 18:30 AFTER-CONFERENCE ДРУЖЕЊЕ СПОНЗОРИРАНО ОД ЗЛАТНИТЕ ПАРТНЕРИ

Бидете во тек со најновите информации за конференцијата

Купи билети

Опција 1
Онлајн карта  
регулар цена49 €
*цените се без ДДВ Распродадено
Опција 2
Физичко присуствo DoubleTree by Hilton
регулар цена199 €
*цените се без ДДВ Распродадено
Plus Icon
Билет за физичко присуство
Вечера со говорници и спонзори
Вечерата за говорници и спонзори ќе се одржи на 11-ти ноември. Гости на вечарата се говорниците на конференцијата и менаџери од компаниите спонзори. Уживајте во добра храна (4 course мени), вино и разговор додека остварувате нови познанства вечерта пред конференцијата.

5 ПРИЧИНИзошто не смеете да го пропуштите настанот:

Дознај, научи, стекни нови познанства!

Нема подобро место за да овозможите раст, подобрување и унапредување на вашиот кариерен напредок од годишната Конференција за е-трговија.

Нема подобро време за е-трговија од сега!

Инспиративните визии и практичните тактики ги предводат најновите трендови во екосистемот за е-трговија; четвратата годишна конференција е местото каде што ќе се стекнете со знаење за навигирање на вашиот бизнис кон дигиталната иднина!

Богата програма со атрактивни теми од дигиталниот свет..

Од безбедни е-плаќања до иновации во дигиталниот маркетинг - четвртата конференција е место на кое повеќе од 20 експерти ќе пренесат нови знаења поврзани со најактуелните теми во дигиталниот свет.

Вистинското место за matchmaking

Без разлика дали ќе бидете присутни во живо или онлајн, преку еxpo-делот на конференцијата ќе се запознаете со вашите истомисленици и потенцијални партнери за соработка од екосистемот на е-трговијата!

Придобивките се долгорочни...

Иако конференцијата трае само 8 часа, придобивките од присуството ќе ги почуствувате во моментот кога ќе го примените стекнатото знаење, ќе извлечете корист од иновативните стратегии на говорниците, и ќе влијаете врз вашето донесување одлуки и начинот на кој гледате на вашиот бизнис.

Спонзори и партнери

ПР партнери
Медиа партнери

Поранешни говорници

и многу повеќе...

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency Illustrations & Icons by Icons8.com