Последно обновено на 25.08.2021 Добрејдовте на веб страната на Годишната конференција за е-трговија, која ја организира Асоцијација за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Со користење на веб страната Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.
ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА
Асоцијација за е-трговија на Македонија, го поседува и менаџира веб сајтот www.ecommerceconferece.mk. Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени.
АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА НА БИЛЕТИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ИЛИ ДРУГИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.
Овие услови се применуваат на сите содржини на веб-сајтот ecommerceconference.mk.
+389 78 58 44 48
www.ecommerce.mk
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Асоцијација за е-трговија на Македонија ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Асоцијација за е-трговија на Македонија е строго забрането. Прекршување на општите услови за користење можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост. Асоцијација за е-трговија на Македонија може да ги промени овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. При користење на оваа платформа, не заборавајте да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате актуелните услови кои се обрзувачки за Вас како корисник. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
2. ПРИ КУПУВАЊЕ НА КАРТИ НА ВЕБ СТРАНАТА ECOMMERCECONFERENCE.MK КОРИСНИКОТ ГИ СПОДЕЛУВА СЛЕДНИТЕ ПОДАТОЦИ:
- Вашето име
- Вашето презиме
- Вашата компанија
- Вашиот телефонски број
- Вашиот е-маил
- Вашата адреса (улица, град, држава, поштенски код)
3. ВРСКИ (ЛИНКОВИ) КОН ДРУГИ ВЕБ ЛОКАЦИИ
Врските (линковите) на веб сајтот на конференцијата кон други локации (веб страни на трети страни)се поставени за промотивни цели и полесен преглед на содржините. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на трети страни кои не се поврзани со овој веб сајт, тоа го правите на сопствен ризик односно Асоцијација за е-трговија на Македонија не е одговорна за било какви содржини и активности на трети страни.
4. ПРИСТАП ДО САЈТОТ
Асоцијација за е-трговија на Македонија го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на АЕТМ, и АЕТМ не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на АЕТМ е овој веб-сајт а да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на АЕТМ, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
Асоцијација за е-трговија на Македонија има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.
5. КОВИД-19 ПРОТОКОЛ И ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕПРЕДВИДЛИВОСТ И МЕРКИ
Организацијата на конференцијата ќе се спроведува согласно КОВИД-19 протоколите и мерките за организирање на настани со цел осигурување безбедност на сите присутни учесници.
Моменталната вкупна количина на билетите наменети за физичко присуство на конференцијата се ограничени на 400 билети, односно до исполнување на целосниот капацитет на Double Tree by Hilton, Skopje. Продажбата на достапните билети за продажба функционира на принципот прв дојден – прв услужен.
Во случај на непредвидливост и мерки согласно нови протоколи за КОВИД-19 за периодот кога треба да се одржи конференцијата, односно капацитетот за присуство на гости да биде намален, картата за физичко присуство ќе се добие врз база на редоследот на купување. На останатите кои се надвор од лимитот за максимум присуство на гости, средставата ќе им бидат рефундирани во целост, или доколку сакаат онлајн карта, ќе се рефундира разликата во цена помеѓу карта со физичко присуство и карта за онлајн присуство, земајќи ја во предвид цената која ќе биде наплатена на денот на купување на карта.
Доколку има нови протоколи и мерки согласно КОВИД-19, конференцијата ќе ги почитува истите и присуството на конференцијата ќе биде согласно моменталните протоколи. Во случај да имате купено карта за физичко присуство, има на сила активни мерки и протоколи против КОВИД-19 и вие не ги исполнувате истите, организаторот го задржува прватото да не дозволи влез во салата, а за замена ќе ви биде обезбеден билет за виртуелно учество при што нема да имате право за рефундација на разликата во цена помеѓу цената на билетот кој сте го купиле за физичко присуство и цената на билетот кој ќе ви биде даден за виртуелно присуство, односно се согласувате дека нема да имате право за враќање на средства.
*Организаторот на конференцијата го задржува правото да прави промени во зависност од состојбата со COVID-19 и мерките кои ќе бидат на сила за време на одржување на конференцијата.