Стефан Худолин

Штефен Худолин е шеф за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија. Неговите одговорности се насочени околу финансиската поддршка на интегративниот пат на земјата во ЕУ и надзорот на нејзиното влијание и достигнувања во реформскиот процес.

Худолин има отслужено два дипломатски мандати во Србија, исто така како член на Делегацијата на ЕУ, која се занимава со правни и финансиски прашања на ЕУ. Помеѓу овие два мандата, тој бил политички и финансиски координатор во српската единица на Генералниот директорат за соседство и проширување во Брисел.

Пред да ја започне својата дипломатска кариера на Западен Балкан во 2004 година во Босна и Херцеговина, Штефен станал функционер на Европската комисија како генерален директор за економија и финансии во Луксембург.

Худолин ја завршил својата прва диплома по економија и финансии во 1995 година, по што следеле магистерски студии по правни науки по европски интеграции во 2012 година. Тој зборува германски, англиски и српски јазик и со неговата сопруга Марија живеат во Скопје со четирите деца.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency