Горан е Маркет Директор во словачката компанија ARTMIE Ltd, лидер на онлајн пазар во ЈИ Европа за уметност и креативни материјали. Првите чекори во е-трговијата ги направи уште во 2013 година, а досега мина низ развојот на компанијата, од мала локална компанија до меѓународен лидер на пазарот во овој дел од Европа.
Горан беше директно вклучен во проширувањето на пазарот на сите јужни пазари, како и лансирањето на новиот регионален логистички центар и имплементацијата на ERP софтвер во фирмата. На почетокот на 2019 година, компанијата отвори регионална канцеларија во Скопје и Горан стана нејзин тим лидер.
Горан смета дека брзината е клучен фактор во онлајн трговијата. Тој стана специјалист за логистика и разви уникатни транспортни системи за балканските пазари кои не се членки на ЕУ. Заедно со тимот, тој создаде специфичен систем за испорака за Србија и Македонија и ја забрза прекуграничната испорака без потреба од локални магацини.