Здравко Илиќ

Здравко Илиќ е виш експерт за трговија задолжен за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА. Има изградено околу 15 години професионално искуство работејќи во јавни и приватни организации на различни аспекти од ЕУ и регионалната интеграција. Тој поминал 10 години во Трговско-индустриската комора на Србија каде бил директор на претставништвото во Брисел и раководител на единицата за интеграција во ЕУ во Белград. Работел и како консултант на Светска банка, Европската комисија и други меѓународни организации. Освен српско-хрватски, зборува англиски и малку француски.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency