Ермин Бркиќ

Ермин се стекнал сo Bachelor и МBА во САД во областа на макроекономијата и финансиите. Кариерата во е-трговија ја започнал пред 8 години во групата OLX, поточно во водечката платформа за купување и продавање во Босна и Херцеговина, olx.ba, на позицијата финансиски директор, каде што стекнал искуство во екосистемот за е-трговија во финансиски и оперативни активности. Денес, покрај тоа што е CEO на Korpa, работи и како business developer за OLX.ba. Покрај тоа, тој е многу горд на неговиот ангажман во компанијата eKupon.ba, каде што ја извршува функцијата извршен директор. Тој ужива во динамиката и предизвиците кои се јавуваат секојдневно во оваа индустрија.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency