Мергим Чахани

Мергим Чахани е основач и извршен директор на Gjirafa Inc – Џирафа е една од најбрзо растечките технолошки компании во Централна Европа (Deloitte Fast 50 2021 во CE позиција #11), со мисија да ја изгради интернет економијата во балканскиот регион. Екосистемот на услуги на Gjirafa опфаќа е-трговија, видео стриминг, онлајн маркетинг, cloud computing и entertainment продукција, и е еден од најдобро финансираните технолошки стартапи во Европа.
Претходно, во Њујорк, Мергим работел за Broadridge Financial Solutions (NYSE:BR), асистент професор на Универзитетот Сент Џон и бил дел од програма за консултации за извршен менаџмент во Morgan Stanley (NYSE:MS). Регионално, Мергим предавал на различни универзитети, беше претседател на Одборот на гувернери во Американската стопанска комора на Косово, член на одборот на Институтот АТОМ и Институтот ГАП, член на советодавни одбори на неколку стартапи, акцелератори и фондови. Неговото образование вклучува BS и магистерска диплома по компјутерски науки и МБА по менаџмент, од Универзитетот Сент Џон и Универзитетот во Њујорк.
Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency