Дарко Перушески има над 25 годишно искуство во областа на информатиката, телекомуникациите и медиумите, имплементирајќи бројни проекти поврзани со дигитализација и воведување на компјутерска технологија во домашни фирми од реален сектор. Во своето 10 годишно искуство во водење и развој на, во тоа време, водечкиот медиум во земјата – А1 Телевизија, има изработено и имплементирано стратегии за развој на телевизијата од програмски и технолошки аспект, воведување на технолошки и програмски новини – како што е првиот медиумски веб портал со интернет редакција уште во 2000 година, прва комплетно внатрешно дигитализирана телевизија, прва телевизија која оствари соработка со најголемите американски филмски студија, прва телевизија која произведе мега шоу по лиценца – „Кој сака да биде милионер“, прва приватна телевизија која воведе сателитски канал – А1 плус.
Во неговото искуство се вбројува и оперативното раководење со стартот на првата дигитална терестријална платформа – Бум ТВ во рамките на Словенечки Телеком, реструктуирање на маркетинг компанија и зголемување на портфолиото на клиенти и развој, производство и дистрибуција на лиценцирани производи, како и осмислувањето и имплементацијата на првата македонска национална стриминг платформа – Gley.