Боркица Шекерова

Боркица Шекерова е Сениор Продукт Менаџер (Value Stream Owner) во Нетцетера, во делот безбедни дигитални плаќања.

Таа ја започнува својата кариера во телекомуникациската индустрија, од софтверски инженер, па преку продуктен менаџер одговорен за развој на бизнис решенија, до планирање на бизнис стратегии за претставување на нови продукти на пазарот.

15 годишното искуство стекнато во телекомуникациската индустрија ќе ја однесе во светот на дигиталните плаќања, при што ќе се приклучи во Нетцетера, една од водечките швајцарски софтверски компании, каде ќе се посвети на создавање компаниски продукти согласно меѓународниот EMV® 3-D Secure протокол за автентикација при онлајн плаќања. Работи на различни проекти во компанијата, меѓу кои е и развојот на Netcetera 3DS Server SaaS решението, кое постигнува голем интернационален успех.

Денес, таа е одговорна за портфолиото на продукти и услуги за поддршка и процесирање дигитални плаќања (Acquring) на Нетцетера, чија примарна цел е да им помогне на операторите на платни системи за дигитални плаќања, банките и онлајн трговците, во обезбедување на корисничка услуга со врвно ниво за безбедно но едноставно онлајн плаќање.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency