Проф. Никица Мојсоска Блажевски е главен извршен директор на Македонија2025. Претходното искуство на Никица е во високото образование, како редовен професор и деканка на Факултетот за деловна економија, Универзитет Американ Колеџ-Скопје, како и во јавната администрација каде работела како раководител на Сектор за макроекономска политика, Министерство за финансии.
Никица има 20-годишно искуство како истражувач, консултант и советник за економски политики, социјални системи и политики, пазарот на труд, и образованието во Македонија, како и во регионот на Западен Балкан, со фокус на младите и родовиот аспект. Таа има работено со главните меѓународни економски организации и институции како што се Светска Банка, Меѓународната Организација на Трудот, RCC, УНДП, UN Women, и Европската Комисија. Мојсоска-Блажевски е автор на повеќе трудови со импакт фактор и неколку делови од книги. Била ангажирана како економски советник и советник за пазар на труд на неколку влади од Западен Балкан. Никица е член на одборот за ревизија на една од најголемите банки во Македонија и член на Управниот Одбор на Стопанската Комора на Северна Македонија. Таа, исто така, е член на престижни меѓународни научни организации.