Драгана Ѓокиќ

Драгана е веќе три години на позицијата директор за продажба во Grouper.mk, водечкиот сајт за е-трговија во земјава кој успешно работи речиси десет години на пазарот. Со образование во областа на е-бизнис и маркетинг, во Grouper се приклучува во 2014та година и работи во делот на продажба, организација и реализација на онлајн маркетинг кампањи, а со своето 7 годишно искуство се здоби со експертиза во бизнис продажба и стратегија. Oбласти на нејзина стручност вклучуваат: продажба и проектен менаџмент, маркетинг истражување, анализа и репортинг, контент маркетинг. Учествува во држење обуки и предавања во доменот на бизнис продажба.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency Illustrations & Icons by Icons8.com