Дамјан Дано

МОДЕРАТОР

Дамјан е ко-основач и партнер на IWM Network, ИКТ компанија основана во 2008 год. со едноставна идеја да им помогне на компаниите подобро да го разберат променливиот дигитален свет и да ги искористат неговите предности на паметен начин. Во последните 10 години, Дамјан работеше на развој на IWM Network под модел на дигитална холдинг компанија која во своето портфолио на бизниси вклучува повеќе брендови, SaaS продукти, компании и стратешки партнерства. IWM Network има опслужено повеќе од 100 домашни и интернационални компании и организации. Листата на неговите стручности вклучува: дигитална бизнис трансформација, веб дизајн и развој, е-трговија, развој и консалтинг за blockchain, дигитален маркетинг, ИТ безбедност… Дамјан има повеќе од 15 годишно искуство во ИКТ секторот и има гостувано како говорник, панелист и предавач на повеќе настани низ светот. Дамјан е член на Управен одбор на АЕТМ, член на Надзорен одбор на IAB Macedonia и член на националниот Дигитален форум за ИКТ.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency Illustrations & Icons by Icons8.com