Панелист
Милица Весовиќ Денковска има долгогодишно искуство во водење на проекти за дигитални решенија и дигитален маркетинг, како и водење на локални и меѓународни проекти од стратешки концепт до конечна имплементација. Како одговорна за дигиталните решенија и системи во Филип Морис, таа работи на имплементирање решенија, кои ќе придонесат за развојот на компанијата. Член е на проектниот тим кој работи на целосната дигитална стратегија за пласирање на IQOS на македонскиот пазар како и водење на дигиталните канали. На оваа конференција ќе зборува повеќе за значењето и инволвираноста на жените во дигиталниот развој и бизнисот во целост, како и за искуството во работата во меѓународна компанија која поддржува целосна еднаквост и рамноправност помеѓу вработените.