ГОВОРНИК
Борче Ѓорѓески е раководител на Контакт центарот на А1 Македонија. Како синоним за грижата за корисниците, Контакт центарот на А1 Македонија е целосно фокусиран кон овозможување на врвно корисничко искуство преку воведување на нови и иновативни решенија и алатки кои го унапредуваат задоволството на корисниците, овозможувајќи им брзо и непречено користење на услугите.
Главен фокус на неговата работа е автоматизација на Контакт центарот и зголемување на интеракции со корисниците преку дигиталните канали на А1 Македонија. Борче е одговорен за воведувањето на четботот ‘Славчо’ – првиот дигитален асистент во регионот што разбира и зборува на македонски и албански јазик и преку кој корисниците имаат можност да добијат одговори на своите прашања без да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во Контакт центарот. Во рамки на останатите активности поврзани со дигитализацијата на грижата за корисниците, Борче има особен придонес во унапредување на дигиталните канали– веб поддршка, поддршка преку социјалните мрежи, унапредување на функционалностите на говорни автомати, воведувањето на видео поддршка, како и унапредување на првата виртуелна продавница A1 Live Shop.
Активно е вклучен во крос-функционални тимови со примена на современа методологија за работа и има придонес во стратешки проекти на А1 Телеком Австрија Групацијата, а тоа се само дел од искуствата со кои тој се има стекнато во секторот на телекомуникациите во изминативе 12 години.