Бојан Кордалов е комуниколог и претседател на Советот за дигитална трансформација за Западен Балкан при Хајделберг Институтот – Скопје, кој активно работи во сферата на комуникациите и маркетингот повеќе од 20 години.
Бојан активно учествува во градењето на голем број комуникациски стратегии, промотивни, маркетинг и други ПР активности, како и друг тип на комуникациски кампањи за потребите на приватните компании, граѓанскиот сектор, меѓународни организации и јавни институции.
Во јавноста ја застапува потребата од дигитална трансформација на општеството, е-трговија, медиумска и дигитална писменост, градење на инклузивна општествена комуникација како основа во борбата со дезинформациите и теориите на заговор, но и говорот на омраза.
Бојан Кордалов е сертифициран обучувач, а во последниве 15 години има одржано повеќе од 500 обуки. Коавтор е на 5 публикации: „Дигитална трансформација кон е-општини“, „Прирачник за комуникација со млади гласачи“, „Општествена одговорност преку социјалните медиуми“, „Прирачник за неформално образование“, „Прирачник за добро управување.