Шерон Гаи

ГОВОРНИК

Шерон Гаи ја започнала својата кариера во е-трговија во Fortune 500 компанија која се бави со интегрирање на системи, овозможувајќи им на малите и средни бизниси едноставно да нарачуваат компјутерски хардвер онлајн. Таа била дел од иницијативата за глобализација на Alibaba во Alibaba Global Leadership Academy, која се стреми да ги интернационализира домашните бизнис единици на Alibaba.

Во нејзиниот мандат како Category Manager во Tmall, најголемата платформа за е-трговија во Кина, таа работела со fast-moving consumer goods брендовите од големи клиенти до нови internet-viral брендови во изработката на нивната дигитална маркетинг стратегија, како и стратегија за е-трговија во Кина.

Таа во моментов е директор за Global Key Accounts во Tmall Overseas тимот, овозможувајќи им на глобалните брендови да ги искористат платформите за е-трговија на Alibaba во странство.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency Illustrations & Icons by Icons8.com