Илир има повеќе од дваесет години искуство на менаџерски позиции на проекти со развојна помош, најмногу во развојот на приватниот сектор, специјализиран за квалитет, советодавни услуги за бизнис и менаџмент во приватниот сектор, во развојот на ИТ секторот и поддршка за промоција на start-ups и иновации, како и во производствените сектори.
Илир има заземано високи позиции и има долгогодишно искуство во управување со проекти и консултации за организациски менаџмент и развој, стратешко планирање и градење на институционални капацитети во приватниот сектор, владините институции и различни меѓународни и локални невладини организации, особено во развојниот сектор за креирање развојна помош, со фокус на развојните програми за приватниот сектор.