Елена Панова

Елена Панова е Директор на маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија, конвергентен оператор кој ги нуди сите мобилни и фиксни телекомуникациски услуги, како и ИКТ производи. Елена е одговорна за развој и реализација на маркетинг стратегијата и спроведување на дигиталната трансформација во компанијата преку воведување на дигитални услуги, како и имплементација на алатки за роботизација и автоматизација на процеси. Фокусирана на воведување нови и иновативни алатки на пазарот со крајна цел дигитализација на општеството и подобрување на дигиталното корисничко искуство. Има учествувано на многубројни конференции како говорник или панелист, како The World Broadband Forum, Webit Festival Europe, International Customer Experience Summit EMEA, итн

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency