Бобан Милосавлески

Бобан Милосавлески е коосновач на Vendor – Првата автоматизирана платформа за е-трговија во регионот. Специјалност му е развивање на стартапи, бизнис стратегии, креирање на нови продукти, вмрежување и продажба. Бобан работи на дигиталниот пазар во Америка, Франција, Шведска, Германија, Италија и на Балканот повеќе од 7 години. Активен е и како говорник и едукатор на многу домашни и меѓународни настани, а како граѓански активист се вклучува во унапредување на условите за спортување и едукација на младите во нашиот регион преку инфраструктурна и логистичка поддршка.
Сака да запознава нови луѓе и да дискутира бизнис идеи.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency