Киро Чадиковски

ПАНЕЛИСТ

Киро Чадиковски има над 23 години банкарско искуство, од кои преку 18 години на раководни функции. Целото работно искуство го има стекнато во Комерцијална банка АД Скопје. Во моментов тој е на позиција Директор на Дирекција за банкарски картички и трансакциски сметки, директно одговорен за организација на работењето во доменот на платежните картички и сите нови технологии поврзани со нив. Покрај тоа, тој е одговорен и за развој на нови производи, дигитализација, развој на платни системи, нови канали на плаќање и слично. Неговото формално техничко образнование стекнато на Електро-техничкиот Факултет во Скопје, магистерските студии по финансиски менаџмент, како и долгото банкарско искуство го прават еден од ретките експерти во нашата земја на полето на финтек индустијата, IoT, како и двигател на развој на хибридни банкарски производи.

Ecommerce Asociation

Македонската асоцијација за е-Трговија е првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за е-трговски развој и успех на земјата. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон проширување на знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии, и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитална Македонија и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.

web by agency Illustrations & Icons by Icons8.com