Нина Ангеловска

По долга кариера на претприемач од речиси 10 години, во август 2019 година, кариерата на Нина нагло ја промени својата насока кога таа се приклучи на Владата на Република Северна Македонија како министерка за финансии. Таа е ко-основач на Grouper.mk, водечката платформа за е-трговија, позната и како пионер во е-трговијата во земјата во 2011 година. Со нејзиниот тим, тие придонесоа за зголемување на онлајн продажбата во Македонија за повеќе од 350% и едуцираа илјадници клиенти и бизниси за тоа како да купуваат и продаваат преку Интернет. Таа го заврши својот докторат во 2016 година со цел да ја претвори практиката во наука.

Таа има зборувано на повеќе од 300 конференции и настани со цел да внесе страст и да го разбуди потенцијалот на многу млади луѓе. Нејзината страст кон промените и е-трговијата ја натера да ја ко-основа првата македонска асоцијација за е-трговија во 2017 година. Нејзината напорна работа и влијанието се широко признати. Во 2018 година беше прогласена за „Forbes 30 under 30“ во трговијата на мало и е-трговија во Европа и во септември 2019 година на Генералното собрание на ООН, беше признаена од УНКТАД како една од седумте глобални жени застапници за е-трговија. Таа беше на чело на јавните финансии на Северна Македонија и го водеше спроведувањето на многу економски и фискални мерки за време на најголемата криза во историјата предизвикана од ковид-19 до септември 2020 година. Меѓу клучните приоритети за време на нејзиниот мандат како министерка за финансии, таа ја стави дигитализацијата и технологиите во фокусот како клуч за решавање на многу проблеми и ставање на напредокот и реформите во земјата во „петта брзина“.

This entry was posted in . Bookmark the permalink.