Мергим Чахани е основач и извршен директор на Gjirafa Inc – платформа за видео содржина, програмско рекламирање и за е-трговија со примарен фокус на Косово и Албанија, со цел да се прошири низ регионот на Балканот. Gjirafa е една од најбрзо растечките технолошки стартапи во Европа, со тројно CAGR и има собрано околу 10 милиони американски долари од реномирани меѓународни инвеститори. Претходно, во Њу Јорк, Мергим бил дел од Бродриџ Финансиски решенија (NYSE: BR), асистент професор на Катедрата за компјутерски науки на St.John’s University, програма за консултантски услуги за извршно менаџирање во Морган Стенли (NYSE: MS), Претседател на Одборот на гувернери во Американската трговска комора на Косово, член на одбор на АТОМ институт и ГАП институт, советнички одбор на неколку стартапи, акселератори и фондови, и има над 15 години искуство во индустријата со стартапи, технологија, менаџмент, искуство со менаџирање и неколку неуспешни стартапи. Неговото образование вклучува диплома за додипломски и магистерски студии по компјутерски науки, МБА за менаџмент од универзитетот St.John’s University и New York University.