Иво Стојановски е дел од тимот одговорен за спроведување на дигиталната трансформација во А1 Македонија. Преку воведување на целосно функционални решенија и иновативни технологии, креира дигитални искуства и алатки кои го унапредуваат корисничко искуство, овозможувајќи поедноставно секојдневие. Главен фокус на неговата работа е автоматизацијата на е-трговијата и зголемување на интеракциите на корисниците преку дигиталните канали на А1 Македонија. Во рамки на останатите активности поврзани со дигиталната трансформација на А1, Иво има особен допринос во автоматизација на маркетинг активностите, воведувањето на првата виртуелна продавница и креирање на дигитални алатки за поддршка на корисници.
Соработка со странски партнери и старт-ап компании, работа во кросфункционални тимови преку употреба на современа методологија за работа, допринос во стратешки проекти на А1 Телеком Австрија Групацијата, се само дел од искуствата со кои тој се има стекнато во секторот на телекомуникациите.