Драгана е веќе две години на позицијата директор за продажба во Grouper.mk, водечкиот сајт за е-трговија во земјава кој успешно работи речиси десет години на пазарот. Со образование во областа на е-бизнис и маркетинг, во Grouper се приклучува во 2014та година и работи во делот на продажба, организација и реализација на онлајн маркетинг кампањи, а со своето 6 годишно искуство се здоби со експертиза во бизнис продажба и стратегија. Oбласти на нејзина стручност вклучуваат: продажба и проектен менаџмент, маркетинг истражување, анализа и репортинг, контент маркетинг. Учествува во држење обуки и предавања во доменот на бизнис продажба.