
Никола Спасов е истражувач, комуниколог и политички консултант. Во својата кариера има работено на низа кампањи во земјата и регионот, советувајќи политичари, бизнис лидери и организации како подобро да го менаџираат својот углед, кризите во работењето и поефективно да комуницраат. Како претставник на Кембриџ Аналитика на Балканот и работа на проекти со компанијата, Никола тесно се специлизираше за дигитална комуникација во време на криза. На овогодинешната конференција неговата презентација ќе се осврне токму на најдобрите практики и дигитални стратегии кои бизнисите и организациите треба да ги користат за ефективен кризен менаџмент.