Сергеј Зафироски е основач и извршен менаџер на Инсајдер ИД, агенција специјализирана за квантитативни бизнис истражувања и напредна бизнис аналитика. Професионалната кариера ја започнува во 2007-ма година во продажба на производи за широка потрошувачка и продолжува на неколку различни позиции во продажба и бизнис аналитика се до 2013-та кога ја ребрендира компанијата во агенција за истражување. Од декември 2018-та е и генерален менаџер на МИТ – Економски Факултет.
Во последните неколку години од работењето во Инсајдер ИД, поради динамичните светски трендови кои се случуваат во малопродажбата, но и во Македонија, фокусот на неговите активности приватни и деловни се насочени кон креирање на применливи математички модели на одлучување и аналитика на податоци. Особен интерес има во профилирање на потрошувачи и влијанието на цената при носење на одлука за купување. Крајната цел на сите активности е креирање на систем за менаџерско управување на компаниите преку употреба на напредни квантитативни техники на одлучување.
Краток преглед на говорот:
Врз основа на резултатите од истражувањето за вредноста на е-трговијата и мапирањето на е-трговците во Северна Македонија, ќе откриете кои се финансиските перформанси на компаниите учесници во е-трговијата и колкав дел од прометот го остваруваат онлајн. Ќе дознаете колкав дел од продажбите се вршат со платежни картички, а колкав во готовина (Cash on delivery). Ова и многу повеќе за е-трговијата во Северна Македонија ќе дознаете од заедничката презентацијата со Огнен Огненоски.