
Огнен Огненоски, роден во Скопје на датум 15.11.1986. Дипломирал на државниот универзитет во Љубљана, при Економскиот факултет, смер менаџмент, по што на истиот факултет продолжува на постдипломски студии на смерот претприемништво. Во 2012-та година партнерски ја основа компанијата „Таргет Груп ДОО Скопје“ – прва бонитетна куќа во Македонија со најголема приватна база на податоци за сите регистрирани правни лица достапни онлајн на платформата БизнисМрежа.мк и моментално вработува 17 луѓе. Низ своето работно искуство најмногу време поминува во секторот за продажба, развој и маркетинг. Во 2019-та година со својот партнер Бојан Џиков го основа првиот аналитички медиум во државата „Аналитика Медиум ДОО“. Главната мисија на Analitika.mk е да генерира уникатна содржина која ќе биде базирана на квалитетни, прецизни и корисни информации преку која ќе влијае кон креирањето на ефикасно и високопродуктивно општество.
Краток преглед на говорот:
Врз основа на резултатите од истражувањето за вредноста на е-трговијата и мапирањето на е-трговците во Северна Македонија, ќе откриете кои се финансиските перформанси на компаниите учесници во е-трговијата и колкав дел од прометот го остваруваат онлајн. Ќе дознаете колкав дел од продажбите се вршат со платежни картички, а колкав во готовина (Cash on delivery). Ова и многу повеќе за е-трговијата во Северна Македонија ќе дознаете од заедничката презентацијата со Сергеј Зафироски.