Горјан Јовановски

Горјан, кој моментално живее во Амстердам, потекнува од неговото омилено Скопје. Таму тој дипломира како софтверски инженер на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) во 2015 година, а магистрира cum-laude на University of Amsterdam во 2016 како магистар по софтверско инженерство. Од тогаш, работи во Booking.com како софтверски инженер и тим лидер.

Како дел од 3000 еко активисти низ Македонија, од 2014 година бара начин како да помогне околу проблемот со енормното загадување на воздухот. Комбинирајќи ги пасијата за технолоција и зелена средина, ја креира МојВоздух, апликација која што го прикажува степенот на загадување низ целата земја. Со над 100.000 преземања, МојВоздух бргу ја дига јавната свест околу загадувањето, а Горјан со неговата љубов на јавно говорење, продолжува да ја шири приказната и надвор од границите на Македонија преку разни говори, како и неговиот TED говор насловен “The Data I Breathe”.


Краток преглед на говорот:

Дали сметате дека знаете што е најдобро за вашите корисници? Што ако ви кажам дека 90% од вашите одлуки можеби се погрешни? Booking.com е компанија водена од податоци, така што сите промени на нашиот производ се тестирани со А/Б методологија на тестирање, со цел или да се потврдат или да се порекнат претпоставките. Дознајте како како ја користиме оваа технологија на милиони корисници дневно, кои проблеми можете да ги решите со А/Б тестирање, и на кои нешта треба да пазите кога ја применувате на вашите производи.

This entry was posted in . Bookmark the permalink.