Филип е В.Д. Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ко-основач на веб порталот за банки и финансиски институции Bankarstvo.mk. Во моментов работи во Шпаркасе Банка Македонија како координатор на експозитура, додека во минатото има работено на неколку позиции во банката започнувајќи од платен промет во земјата, соработник за електронско банкарство и платежни картички, потоа во секторот за работа со физички лица работел на развој на нови производи со посебен осврт на алтернативните канали на дистрибуција. Тој е еден од иницијаторите за основање на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во 2017 година, каде на почетокот e избран за Заменик Претседател и до ден денес е посветен за развојот на Асоцијацијата. Во 2019 година е избран за В.Д. Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Филип има дипломирано на економскиот факултет на отсек маркетинг, а негови специјалности се: дигитализација и продажба.