Виктор е Генерален Секретар на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ко-основач на SVNA Design, веб и дигитална агенција која специјализира во развој на концепти, визуелно стимулирачки дизајн, ефикасни веб апликации и дигитална бизнис трансформација.
Предводен од желбата за промени и подобрување на состојбата со е-трговијата во Македонија, тој e еден од иницијаторите за основање на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, каде e избран и за Генерален Секретар. Тој е посветен за развојот на Асоцијацијата и повеќе од три години активно работи на подобрување на е-трговијата во Македонија. Стојкоски е еден од главните организатори на првата годишна конференција за е-трговија, која успеа на едно место да ги собере сите засегнати страни од е-трговијата, а во нејзино учество имаше говорници од 8 земји и над 370 претставници од 150 бизниси, институции и организации.
Виктор е инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, а негови специјалности се: е-трговија, дигитален маркетинг, веб дизајн, и продажба.
Поздравен говор