Scott Rafer
Ветеран од Силициумската Долина со 25 години искуство во социјални медиуми и е-трговија, од 2014-та фокусиран на инфраструктура на е-трговија и независни канали на дистрибуција
“Ecommerce Infrastructure Along the New Silk Road”
После повеќе од 20 години раководење на стaртапи за софтвер, Скот Рафер сега создава иновативни партнерства помеѓу еден куп одлични стартапи за е-трговија, логистика, содржина и слични бизниси низ целиот свет кои мора да научат да се натпреваруваат со Amazon, Alibaba и Tencent/JD/Walmart. Овие три интернет гиганти развиваат и воведуваат системи за машинско учење во нивните инфраструктури со кои се соочуваат и потрошувачите и Транспацифичните ланци на снабдување, што дополнително ќе го забрза нивниот раст. За помалите стартапи да се натпреваруваат со нив, мора да почнат да ги користат нивните методи, и тоа што побрзо.
Рафер е исто така ко-основач, директор и/или набљудувач на одборот во Mashery (купен од Intel), MyBlogLog (купен од Yahoo!), Flow.space, Shiphawk, Shippabo, Nanigans, Newswhip, ShopPad и Zemanta (купени од Outbrain). Поврзете се со Скот на linkin.com/in/rafer, на @rafer ако сте основач, и прочитајте ги тестовите за VC идиот на rafer.net/search/idiot.
Краток преглед на говорот:
Рафер ќе зборува за е-трговија во рамки на пазарите како Северна Македонија и нејзиното учество во синџирите за снабдување помеѓу Азија и Европа. Гигантите на електронска трговија кои ги движат поголемите пазари се грижат многу за запирањата по овој пат и мора да се сретнат со партнери и локална експертиза.
Како новиот Пат на Свилата влијае врз економиите на Балканот? Како локалните играчи можат да напредуваат и да се натпреваруваат?
Charles Walton
Сениор потпретседател @ Mastercard - Purchase, Њујорк
Restoring Trust in a Digital World
Чарлс е одговрен за нов глобален бизнис во рамки на Мастеркард кој е фокусиран на услуги за дигитален идентитет. Неговата улога е да дефинира услуга и платформа за услугата, стратегија за настап на пазарот, како и стратегии за развој на партнерства на целните пазари.
Пред да се придружи на тимот на Мастеркард, Чарлс бил одговорен за услуги за дигителен идентитет поврзани со владиниот сектор како дел од Idemia. Неговата улога била развој на стратегии на комапнии заедно со иницијален државен екосистем за дигитален идентитет со цел да се донесе британскиот државен стандард за верификација во приватниот сектор.
Претходно бил CEO на SecuryKey, фирма основана во Торонто, и бил одговорен за лансирањето и растот на SecureKey Concierge Network, федеративен систем за автентификација базиран на соработката на банките, мобилните оператори и владата во Канада.
Во својата кариера Чарлс бил генерално фокусиран на иновации и развој на производи во индустријата за безбедност на информации. Како COO на INSIDE Secure, бил одговорен за развој на бизнис стратегија, стратегија за продукти и нивен развој, и за лансирање на нови безбедносни семикондуктори за банкарски картички, за контрола на физички пристап, и за NFC мобилни уреди.
Во почетокот на својата кариера ја основал Caradas, комапнија за безбедносни услуги во индустријата со банкараски картички. Потоа бил COO на Certco, компанија на која бил заснован банкарскиот безбедносен конзорциум Identrus. Дополнително, ја основал фирмата GTE Cybertrust PKI, и во исто време бил активен на повеќе позиции во развојот на безбедносен систем за големи компании во GTE for Navy and NSA во САД.
Чарлс дипломирал на Rensselaer Polytechnic Institute во Трој, Њујорк. Во моментов живее во близина на Бостон, Масачусетс.
Краток преглед на говорот:
Оваа сесија ќе се посвети на улогата која дигиталниот идентитет ја има во трансформацијата на односот меѓу корисниците и компаниите кои нудат дигитални услуги.
Candace Nkoth Bisseck
Поборник за Дигитална Економија и Мотивирање на жените
“Making women digital entrepreneurs a force for inclusive growth”
Кендис има пасија за мотивирање на луѓето преку подобрување на нивниот живот, деловна активност и кариера користејќи иновации и дигитална технологија. Откако работела маркетинг за L’Oréal, ја започнала својата кариера како консултант во областа на иновациите, телекомуникациите и дигиталната економија во Африка, Европа и Азија. Од 2014 до 2017 година Кендис била менаџер на веб-страницата за електронска трговија Jumia Market во Камерун, помагајќи им на локалните трговци да генерираат дополнителни приходи, учејќи ги како да го користат интернетот за да продаваат надвор од нивната физичка продавница и надвор од нивниот град. Кендис исто така работела на универзитетот Стенфорд, помагајќи им на лидерите на малите и средни претпријатија ширум Африка да го прошират својот бизнис користејќи иновации. Таа го дала својот придонес во разни корпоративни и социјални иницијативи како тренер, ментор или говорник.
Кендис има длабока страст за мотивирање на жените и голем дел од своето време го поминува придонесувајќи за кариерите на жените и нивниот личен развој, преку споделување на нејзиното искуство. Таа ја освои наградата McKinsey Next Generation Women Leader Award во 2017 година за нејзината работа во таа област и нејзините менторски активности. Нејзината работа е пофалена од повеќе меѓународни медиуми, како Forbes.
Кендис сега работи со Обединети Нации, водејќи ја иницијатива наречена eTrade for Women, која има за цел да им помогне на жените дигитални претприемачи од земијте во развој да прераснат во Сила за Инклузивно создавање и развој на богатство.
Peter Mesarec
Маркетинг консултант
@ Seos.si
„Како е-продавниците можат да ги искористат придобивките од органски (бесплатни) посети..."
Петер има повеќе од 15 години искуство во онлајн маркетингот, со специфичен фокус на SEO. Во текот на годините, има работено и на страната на клиентите и на страната на агенциите, но и како сопственик на компанија, со цел да ги согледа сите различни пречки и предизвици. Во моментот, работи како маркетинг консултант во регионот, помагајќи им на компаниите и агенциите да ги постават, менаџираат и подобрат нивните интерни маркетинг тимови, како и да го прошират нивното присуство на нови канали. На маркетинг советите на Петер се потпираат и стартапи кои се на почетокот на нивното патување, но и големи компании со мултимилионски приходи.
Петер има неколку признанија за најдобар конференциски говорник, член е на жири комисиите на неколку маркетинг награди и водител на неколку различни подкасти.
Краток преглед на говорот:
Дали го знаете стариот виц, што прави полицаец кога ќе види кора од банана? Немам ништо против полицајците и полицајките, но во маркетингот, често гледаме повторување на истите грешки одново и одново. Секоја компанија која има своја веб-страница ги прави истите грешки и ме прави тажен да ве гледам како ги трошите парите обидувајќи се да постигнете одлични SEO рангирања. Поради тоа, направив листа на топ 5 грешки и ќе се обидам да ви помогнам да не ги направите.
Rok Hrastnik
eCommerce Growth лидер
„Докажан план во 7 фази: научете како да изградите брзорастечки бизнис за е-трговија од почеток“
Рок е меѓународен e-Commerce Growth лидер со богата историја на развивање на бизниси за е-трговија во Европа. Тој го има изградено бизнисот за е-трговија на Studio Moderna на 22 пазари низ Централна и Источна Европа (ЦИЕ), а сега е извршен директор на Sensilab, компанија чиј бизнис за е-трговија го има проширено од 1 пазар на 23 пазари низ Европската Унија. Воден од неговото искуството во изградба на бизнисот за е-трговија на Studio Moderna низ ЦИЕ, а неодамна и бизнисот за е-трговија на Sensilab низ ЕУ, Рок ќе ве запознае со 7-те клучни фази за управување на интернационален бизнис за е-трговија, вклучувајќи бизнис модели, фактори на растеж, растечки организации и стратешка одржливост.
Краток преглед на говорот:
Научете како да изградите брзорастечки бизнис за е-трговија од почеток. Воден од неговото искуството во изградба на бизнисот за е-трговија на Studio Moderna низ ЦИЕ, а неодамна и бизнисот за е-трговија на Sensilab низ ЕУ, Рок ќе ве запознае со седумте клучни фази за управување на интернационален бизнис за е-трговија, вклучувајќи бизнис модели, фактори на растеж, растечки организации и стратешка одржливост.
Vanya Manova
Менаџер за Бугарија и Македонија
@ Mastercard
Vanya Manova е одговорна за развој и имплементација на локалната бизнис стратегија на Mastercard. Со својата улога, Vanya овозможува иновација на двата пазари, поврзани со новите технички решенија и експанзација на Mastercard и нивниот раст во полето на електронското плаќање, и ги зајакнува соработките и партнерствата со клучните клиенти, владини институции и јавниот сектор.
Со 20 години искуство во банкарскиот сектор, Vanya Manova се приклучи на бугарскиот тим на Mastercard во 2008 како акаунт менаџер. Во наредните неколку години, таа ги предводеше операциите фокусирани на локални бизниси и поомгна во позиционирање на Mastercard како клучен партнер и за крајните потрошувачи и не-традиционалните партнери како локални владини институции и регулативни тела. Таа го предводеше лансирањето на бесконтактните плаќања во Бугарија и Македонија правејќи го Mastercard ултимативен лидер во полето на бесконтактно плаќање.
Marko Ilic
Менаџер за бизнис развој
@ Dijaspora.Shop
Марко Илиќ е пионер во областа на е-трговијата во Србија и човек кој има учествувано во изградбата на најголемите е-продавници во земјата. Пред 15 години, Марко има работено на првата „click and mortar“ продавница e-Dućan. По краток, неколкугодишен „излет“ во индустријата за интернет коцкарство (IGT), Марко ѝ се враќа на е-трговијата, како главен извршен директор на една од најголемите е-продавници во регионот NonStopShop. Потоа, на Magenta го изградува три-пати наградуваниот портал TakoLako. Во моментот работи на проектот Dijaspora.Shop, кој на почетокот на годината бил прогласен за најдобар портал за е-трговија во Србија од страна на реномираното ИТ списание PC PRESS.
Марко е ко-основач на Асоцијацијата за е-трговија на Србија.
Горјан Јовановски
Технички тим лидер & Софтвер инженер
@ Booking, Холандија
"Раст со податоци преку A/B тестирање"
Горјан, кој моментално живее во Амстердам, потекнува од неговото омилено Скопје. Таму тој дипломира како софтверски инженер на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) во 2015 година, а магистрира cum-laude на University of Amsterdam во 2016 како магистар по софтверско инженерство. Од тогаш, работи во Booking.com како софтверски инженер и тим лидер.
Како дел од 3000 еко активисти низ Македонија, од 2014 година бара начин како да помогне околу проблемот со енормното загадување на воздухот. Комбинирајќи ги пасијата за технолоција и зелена средина, ја креира МојВоздух, апликација која што го прикажува степенот на загадување низ целата земја. Со над 100.000 преземања, МојВоздух бргу ја дига јавната свест околу загадувањето, а Горјан со неговата љубов на јавно говорење, продолжува да ја шири приказната и надвор од границите на Македонија преку разни говори, како и неговиот TED говор насловен “The Data I Breathe”.
Краток преглед на говорот:
Дали сметате дека знаете што е најдобро за вашите корисници? Што ако ви кажам дека 90% од вашите одлуки можеби се погрешни? Booking.com е компанија водена од податоци, така што сите промени на нашиот производ се тестирани со А/Б методологија на тестирање, со цел или да се потврдат или да се порекнат претпоставките. Дознајте како како ја користиме оваа технологија на милиони корисници дневно, кои проблеми можете да ги решите со А/Б тестирање, и на кои нешта треба да пазите кога ја применувате на вашите производи.
Amanda Jones
Главен стратешки директор
@ McCann Букурешт
“Grow with the Future of Commerce”
Amanda has worked in the retail sector in various guises for over a decade. She cut her strategic teeth working on a number of UK and European retailers including Matalan, Marks & Spencer, Smyths Toys Superstores; most notably overseeing the meteoric rise of Aldi in the UK.
Amanda has been Planning Director at McCann Manchester, the networks global retail centre of excellence, for a number of years; before taking up the Role of Chief Strategy Officer at McCann Bucharest our regional hub in CEE.
Краток преглед на говорот:
Денеска, потрошувачите размислуваат за се и сешто – од каде им доаѓаат намирниците, за технологијата која се користи во фабриките, па се до последната фаза на достава на продуктот. Факт е, дека и покрај сите измени во индустријата, вечните темели на добрата трговија остануваат – од радоста при пронаоѓањето, до задоволството на добрата корисничка поддршка.. променет е само начинот на кој ги доживуваме. Мојата презентација – ‘Раст со иднината на трговијата’ – ќе открие колку многу индустријата и трговијата се променети и зошто треба да имаме пообемен разговор на таа тема за да го осигураме идниот раст.
Дамјан Манчевски
Министер за информатичко општество и администрација
@ Влада на Република Северна Македонија
Г-дин Манчевски има повеќе од десет годишно работно искуство во областа на ИКТ, како менаџер и извршен директор на неколку компании. Помеѓу 2005 и 2006 година работел и како инженер за радиофреквенции во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија на Парламентарните избори во декември 2016 година.
Неговата визија како министер за информатичко општество и администрација е да работи заедно со ИКТ компаниите кон креирање на иновативни решенија за зајакнување на ефикасноста на политиките и воведување на нови технолошки процеси за зајакнување на продуктивноста, издигнувајќи ја Македонија како пример за земјите од регионот во однос на дигиталната транформација. Заедно со неговиот тим, г-дин Манчевски ќе работи на создавање отчетна и транспарентна јавна администрација која работи во служба на граѓаните, преку ре-воспоставување на системот на заслуги и зајакнување на програмите за стручно оспособување на службениците. Реформата на јавната администрација (РЈА) ќе биде спроведувана во отворен, консултативен процес со граѓанското општество, со синдикатите, коморите и други релевантни чинители.
Г-дин Манчевски има диплома од Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на студиската програма Електротехника и телекомуникации. Во 2009 е Чивниг стипендист на Универзитетот Бирмингем во Обединетото Кралство, стекнувајќи се со сертификат на постдипломските студии. Во 2003 година учествувал во програмата на Стејт Департментот на САД „Млади Европски лидери и политиките на САД за актуелните политички, економски и социјални прашања“, додека пак од 2003 до 2004 година учествувал во „Школа за идни политичари“ во организација на Фондациите Фридрих Еберт и Алфред Мозер. Течно зборува англиски и српски/хрватски јазик.
Нина Ангеловска
Министер за финансии @ Влада на Република Северна Македонија
Нина Ангеловска е министерка за финансии на Република Северна Македонија од август 2019 година. Нејзиното животно патување сведочи за посветеност и страст при решавање на проблемите, што на крајот и дава можност да го води ова Министерство на еден нов и просперитетен начин. Таа верува дека со помош на дигиталните иновации, финансиски технологии и силна посветеност кон развој на човечкиот потенцијал, може да управува со парите на граѓаните што ќе води до подобар одржливиот економски развој.
Ангеловска има докторски студии по менаџмент, член е на Одборот на Европската асоцијација за трговија (ЕМОТА) и го основа македонското здружение за е-трговија. Во раните дваесетти години, министерката Нина Ангеловска ја ко-основаше првата платформа за зделки и воедно, водечката компанија за е-трговија во Северна Македонија, Grouper.mk, која го трансформираше пазарот за е-трговија во земјата. Има работено и како консултант за развој на бизнисот и е-трговија, а нејзината работа е препознаена со признанието „Forbes 30 до 30 години“ во категоријата трговија на мало и е-трговија во Европа во 2018 година. Ангеловска често зборува на конференции и настани за претприемништво, развој на бизнисот, маркетинг, гејмификација и е-трговија низ целиот свет.
Како личност која активно учествуваше во дијалогот помеѓу јавниот и приватниот сектор и се залагаше за реформи на политиките засновани врз докази во фискалниот сектор, Нина сега е на пат да реализира некои од овие реформи.
Покрај тоа што служи како пример, особено за жените и дигиталните претприемачи, Нина сака да ги инспирира младите луѓе да излезат од својата зона на комфор и да ја направат Северна Македонија одлично место за живеење.
Ѓоко Танасоски
Директор
@ Царинска управа
М-р Ѓоко Танасоски е генерален директор на Царинска управа на Република Македонија. М-р Ѓоко Танасоски е дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет, при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Тој специјализирал и посетувал постдипломски наставни програми во две области и тоа: – Магистер по машински науки (магистрирал на машинскиот факултет, при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, на студиска програма Индустриско инженерство и менаџмент) и – Студиска програма за бизнис администрација – MBA Executive, (CITY Liberal Studies–Affiliated Institution of the University of Sheffield, во Солун).
М-р. Ѓоко Танасоски има работно искуство повеќе од 20 години, на раководни позиции во компании специјализирани за индустриско производство и продажба (Фулда ДООЕЛ, Цимос ДООЕЛ, LTH Castings ДООЕЛ). Исто така, има работно искуство во областа на интернационални осигурителните компании (Еуролинк Осигурување АД Скопје и Кроација Осигурување АД Скопје). Како генерален директор, негова визија е да ја направи Царинската управа на Република Македонија водечка царинска администрација во регионот, која ќе биде силен поддржувач на легалната економија, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија.
Јован Деспотовски
Директор
@ ФИТР
Јован Деспотовски е дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и постдипломец по меѓународни односи и дипломатија на Универзитетот „Американ Колеџ“ – Скопје. Има богато искуство во областа на стратегиско планирање и координација на програмите за градење на капацитет финансирани од Владата на Р. Македонија и од странски донатори.
Како раководител на Сектор во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија учествувал во реализација на значајни проекти и тоа: реализација на Коридорот X, соработка со меѓународни финансиски институции, програмски координатор на Канцеларијата за национална помош, ја предводел работната група за составување на Прашалник на ЕК за апликација на Р.Македонија за членство во ЕУ од областа на економијата, со што Македонија добива статус на земја членка на ЕУ.
Јован е ко-оснoвач на МЕНСА.
Светлана Кордумова
Основач и CEO
@ Pixyle.ai
Светлана е основач на Pixyle.ai, B2B SaaS стартап кој нуди визуелно API за анализирање на модни парчиња на фотографии, што им помага на платформите за е-трговија да ја подобрат конверзијата, продажбата и интеракцијата (engagement). Таа е и асистент-професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Поседува докторат за компјутерска визија и вештачка интелигенција при Универзитетот во Амстердам. За време на нејзината докторска дисертација, таа беше дел од проектот кој освои најдобри резултати за видео-пребарување на престижниот NIST TrecVID репер во САД, кој подоцна беше купен од Qualcomm. За едно поглавје од нејзиното докторско истражување, Светлана ја доби наградата за најдобар труд на Меѓународната конференција за Multimedia Retrieval во Њујорк, 2016 година. Нејзиниот стартап Pixyle беше дел од програмата Rockstart Artificial Intelligence, избрана од над 800 други стартапи од целиот свет.
Дамјан Дано
Ко-основач и партнер
@ IWM Network
Дамјан е ко-основач и партнер на IWM Network, ИКТ компанија основана во 2008 год. со едноставна идеја да им помогне на компаниите подобро да го разберат променливиот дигитален свет и да ги искористат неговите предности на паметен начин. Во последните 10 години, Дамјан работеше на развој на IWM Network под модел на дигитална холдинг компанија која во своето портфолио на бизниси вклучува повеќе брендови, компании и стратешки партнерства. IWM Network има опслужено повеќе од 100 домашни и интернационални компании и организации.
Листата на неговите стручности вклучува: дигитална бизнис трансформација, веб дизајн и развој, е-трговија, развој и консалтинг за blockchain, дигитален маркетинг, ИТ безбедност… Дамјан има повеќе од 15 годишно искуство во ИКТ секторот и има гостувано како говорник, панелист и предавач на повеќе настани кои го покриваат дигиталниот и бизнис сектор.
Дамјан е член на Управен одбор на АЕТМ.
Ива Трембелиева
COO
@ Grouper.mk
Ива е оперативен директор во Grouper.mk, првата македонска веб-страница за групни попусти во Македонија. Grouper.mk беше лансиран во 2011, а Ива се придружи на компанијата во 2013та година. Иако, првенствено Инженер по Индустриски дизајн, таа се пронајде во eCommerce и маркетинг, и преку нејзиното 6+ годишно искуство во Grouper, прерасна во експерт во оваа област.
Листата на нејзини стручности вклучува: дигитален маркетинг, платено рекламирање на социјалните мрежи, контент маркетинг, email маркетинг, грижа за корисници, аквизиција на корисници. Ива е исто така и предавач во @Brainster за платено рекламирање на Facebook & Instagram, а одржува и обуки и презентации на истата тема.
Виктор Стојкоски
Генерален секретар @ Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор е Генерален Секретар на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ко-основач на SVNA Design, веб и дигитална агенција која специјализира во развој на концепти, визуелно стимулирачки дизајн, ефикасни веб апликации и дигитална бизнис трансформација.
Предводен од желбата за промени и подобрување на состојбата со е-трговијата во Македонија, тој e еден од иницијаторите за основање на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, каде e избран и за Генерален Секретар. Тој е посветен за развојот на Асоцијацијата и повеќе од три години активно работи на подобрување на е-трговијата во Македонија. Стојкоски е еден од главните организатори на првата годишна конференција за е-трговија, која успеа на едно место да ги собере сите засегнати страни од е-трговијата, а во нејзино учество имаше говорници од 8 земји и над 370 претставници од 150 бизниси, институции и организации.
Виктор е инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, а негови специјалности се: е-трговија, дигитален маркетинг, веб дизајн, и продажба.
Поздравен говор
Петар Ниновски
Основач
@ Brainster
“Трансформирај или Умри: Зошто старото школо ја губи новата игра?” [Дигитална трансформација]
Сериски претприемач, Маркетинг консултант, Growth хакер, пилот. Основач и CEO на Brainster. Главен стратешки офицер и ко-основач на Laika.
Искуство во создавање на категории и брендови, лансирање на компании и продукти, совети за лидерство, генерирање на препознатливост, оптимизација на продажни канали и постигнување на цели за аквизиција на потрошувачи.
Ги учам клиентите како ефективно да го монетизираат својот продукт или услуга преку оптимизирање на нивните продажни канали, од почеток до крај.
Краток преглед на говорот:
Како да изградите компанија која ќе биде отпорна на промените кои ги носи иднината?
Бизнисите имаат потреба од нов опреративен систем за свет кој постојано се менува. Ако сакате да изградите компанија која ќе биде отпорна на промените кои ги носи иднината, мора да носите интелигентни, иновативни и креативни одлуки и да ги извршувате со голема брзина … и да, мора да учите од успешни стартапи.
Филип Чижбановски
В.Д. Претседател @ Асоцијација за е-трговија на Македонија
Филип е В.Д. Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ко-основач на веб порталот за банки и финансиски институции Bankarstvo.mk. Во моментов работи во Шпаркасе Банка Македонија како координатор на експозитура, додека во минатото има работено на неколку позиции во банката започнувајќи од платен промет во земјата, соработник за електронско банкарство и платежни картички, потоа во секторот за работа со физички лица работел на развој на нови производи со посебен осврт на алтернативните канали на дистрибуција. Тој е еден од иницијаторите за основање на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во 2017 година, каде на почетокот e избран за Заменик Претседател и до ден денес е посветен за развојот на Асоцијацијата. Во 2019 година е избран за В.Д. Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Филип има дипломирано на економскиот факултет на отсек маркетинг, а негови специјалности се: дигитализација и продажба.
Огнен Огненоски
Ко-основач
@ Таргет Груп
„Колку тежи е-трговијата во Северна Македонија?“
Огнен Огненоски, роден во Скопје на датум 15.11.1986. Дипломирал на државниот универзитет во Љубљана, при Економскиот факултет, смер менаџмент, по што на истиот факултет продолжува на постдипломски студии на смерот претприемништво. Во 2012-та година партнерски ја основа компанијата „Таргет Груп ДОО Скопје“ – прва бонитетна куќа во Македонија со најголема приватна база на податоци за сите регистрирани правни лица достапни онлајн на платформата БизнисМрежа.мк и моментално вработува 17 луѓе. Низ своето работно искуство најмногу време поминува во секторот за продажба, развој и маркетинг. Во 2019-та година со својот партнер Бојан Џиков го основа првиот аналитички медиум во државата „Аналитика Медиум ДОО“. Главната мисија на Analitika.mk е да генерира уникатна содржина која ќе биде базирана на квалитетни, прецизни и корисни информации преку која ќе влијае кон креирањето на ефикасно и високопродуктивно општество.
Краток преглед на говорот:
Врз основа на резултатите од истражувањето за вредноста на е-трговијата и мапирањето на е-трговците во Северна Македонија, ќе откриете кои се финансиските перформанси на компаниите учесници во е-трговијата и колкав дел од прометот го остваруваат онлајн. Ќе дознаете колкав дел од продажбите се вршат со платежни картички, а колкав во готовина (Cash on delivery). Ова и многу повеќе за е-трговијата во Северна Македонија ќе дознаете од заедничката презентацијата со Сергеј Зафироски.
Јана Дурнева
Менаџер за дигитална трансформација
@A1 Македонија
Јана Дурнева е електроинженер и магистер по економски науки. Одговорна е за спроведување на дигиталната трансформација во А1 Македонија веќе неколку години наназад. Во рамки на активностите за дигиталната трансформација на А1, Јана интензивно работи на воведување на нови дигитални решенија кои ќе ги подобрат и зголемат интеракциите на корисниците на А1, што е во насока со стратешката определба на компанијата за поддршка и збогатување на животот на корисниците во дигиталната ера.
Фокусот на онлајн продажбата подразбира унапредување и автоматизирање на процесите за подобрување на онлајн корисничкото искуство, воведување на нови функционалности на е-продавницата, како и активности за зголемување на волуменот на онлајн продажбата. Во паралела работи и на развој на мобилната апликација, Мојот А1, која е централно место за менаџирање на сите кориснички интеракции, вклучително и одредени продажни трансакции. Дигиталната трансформација им овозможува на корисниците решенија кои ќе го поедностават нивното секојдневние а со тоа и најдобро корисничко искуство.
Гораст Цветковски
Актер
Сергеј Зафироски
Основач и извршен менаџер
@ Инсајдер ИД
“Колку тежи е-трговијата во Северна Македонија?”
Сергеј Зафироски е основач и извршен менаџер на Инсајдер ИД, агенција специјализирана за квантитативни бизнис истражувања и напредна бизнис аналитика. Професионалната кариера ја започнува во 2007-ма година во продажба на производи за широка потрошувачка и продолжува на неколку различни позиции во продажба и бизнис аналитика се до 2013-та кога ја ребрендира компанијата во агенција за истражување. Од декември 2018-та е и генерален менаџер на МИТ – Економски Факултет.
Во последните неколку години од работењето во Инсајдер ИД, поради динамичните светски трендови кои се случуваат во малопродажбата, но и во Македонија, фокусот на неговите активности приватни и деловни се насочени кон креирање на применливи математички модели на одлучување и аналитика на податоци. Особен интерес има во профилирање на потрошувачи и влијанието на цената при носење на одлука за купување. Крајната цел на сите активности е креирање на систем за менаџерско управување на компаниите преку употреба на напредни квантитативни техники на одлучување.
Краток преглед на говорот:
Врз основа на резултатите од истражувањето за вредноста на е-трговијата и мапирањето на е-трговците во Северна Македонија, ќе откриете кои се финансиските перформанси на компаниите учесници во е-трговијата и колкав дел од прометот го остваруваат онлајн. Ќе дознаете колкав дел од продажбите се вршат со платежни картички, а колкав во готовина (Cash on delivery). Ова и многу повеќе за е-трговијата во Северна Македонија ќе дознаете од заедничката презентацијата со Огнен Огненоски.
Слободан Андонов
Проектен менаџер
@ Ekupi.mk
Слободан е дипломиран економист при УКИМ на Департман Маркетинг со повеќе од 10 годишно работно искуство како комерцијалист, кредитен аналитичар, продукт менаџер и во моментов како проектен менаџер. Тој е Проектен менаџер во Ekupi.mk, oдговорен е за целокупното планирање, развој и имплементација на маркетинг стратегијата на Ekupi.mk во интернет продажбата.
Ekupi.mk е регионална интернет продавница која во Македонија постои од 2013 година. Ekupi.mk е ориентирана кон крајните купувачи и дел од концептот на компанијата е да допринесе кон подигањето на свеста за интернет продажбата и придобивките од истата.
Катерина Бојков
Ко-основач и одговорна за раст и развој
@ EmbedSocial
Катерина е еден од основачите на EmbedSocial – SaaS платформа за генерирање и прикажување на содржини што корисниците ги споделуваат на друштвените мрежи за конкретна компанија. Платформата им помога на компаниите да ја синхронизираат содржината споделена на социјалните мрежи со нивните вебсајти, во реално време и автоматски.
Во 2009 година, таа беше дел од основачите на успешна дигитална-маркетинг агенција, која уште во 2011 година заедно со 100тина компании од цел свет, доби статус на Facebook Marketing Partner.
Искуството стекнато од агенциското работење, вклучувајќи изработка на дигитални апликации за големи брендови користени од илјадници корисници, го охрабри тимот да размислува во насока на изработка на свој, целосен продукт. Па така со помош на инвестиција во 2015 година, тимот започнува целосно да се трансформира во продукт компанија, насочени кон изработка на платформата EmbedSocial.
Во моментов главна одговорност на Катерина е раст на бројот на корисници, и креирање на канали за автоматизирање на процесот на конвертирање и задржување на корисниците. Дополнително таа работи на автоматизација на компанијата, со цел поставување на системи за да се овозможи скалирање во поголеми размери и обслужување на уште поголем број на корисници. Во оваа насока се и активности на дефинирање и спроведување на културата и главните вредности на компанијата, дедицирање на странски ментори на вработените со цел креирање на талент во EmbedSocial што органски ќе расте и ќе стекнува знаење кое не постои во регионот.
Овој глобален капацитет, беше препознаен и од Парискиот екосистемот за претприемачи – The Family, кои менторски му помагаат на тимот на EmbedSocial во креирање на не-фер предности во насока на акцелерирање на растот на компанијата.
Во 2018, Катерина заедно со нејзиниот тим ја започнаа првата глобална авантура и тоа во Јапонија, со отварање на канцеларија и дедицирање на тим кој директно ги обслужува локалните клиенти.
Во слободно време Катерина си игра со Лена и ‘Call of Duty’.
Тина Петкоска
Асистент во Дирекцијата за алтернативни канали на дистрибуција – Маркетинг
@ Халкбанк АД Скопје
Тина е дипломиран економист на департманот Маркетинг при Универзитетот Кирил и Методиј. Своето работно искуство во Халкбанк АД Скопје го започнува токму со активности поврзани со е-трговијата и вклучена е во е-трговијата од самите почетоци на нејзиниот развој во рамки на нашата земја. Има учествувано како обучувач во повеќе работилници на тема “Како до е-продавница?” Повеќе од 7 години активно придонесува во зголемување на свеста за е-трговијата во насока на отворање на нови е-продажни места како и во насочување на е- трговијата во потенцијална алатка за зголемување на продажбата кај малите и средни претпријатија. Моментално е на позиција Асистент во Дирекцијата за алтернативни канали на дистрибуција – Маркетинг и одговорна за маркетинг активностите во картичното работење и дигиталните канали каде е вклучен и сегментот eCommerce. Приватно е комуникативна, сака да патува и ужива во растењето на своето дете. Халкбанк АД Скопје е една од првите Банки која уште од 2009 година започнува со процесирање на online трансакции и игра значајна улога во развојот на е-трговијата на домашниот пазар.
Никола Димовски
Основач & CEO
@ Кликни Јади ДОО
Иако е-трговијата не е нешто за кое се одлучив да студирам, големиот интерес и потенцијал секогаш ме привлекувал. Раководење со сопствен бизнис и секојдневното справување со проблемите е нешто што ме исполнува и ми дава сила. Научив многу досега, а најдобрата лекција е дека за секој проблем има соодветно решение. Географската одалеченост од Македонија никогаш не ми претставуваше проблем да ги организирам обврските на колегите и ме предизвика да ги решавам проблемите преку програмирање и вложување во развој на системот. Со помош на технологијата во денешно време, мојата работа е значително олеснета и ми овозможува да сум во тек со сите случувања во секој момент.
За мене еднинствен начин да го искористам својот потенцијал е преку сопствен бизнис и уживам во секоја препрека која ќе ми дојде на патот кој е многу долг.