Конференција 2018
БИДЕТЕ ВО ТЕК СО СИТЕ НОВОСТИ

Првата годишна македонска конференција за е-Трговија имаше за цел да ги донесе на едно место клучните фигури во овој сектор за да се поврзат, состанат и да споделат знаења и искуства. Под насловот "е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!" конференцијата опфати четири главни теми: Развој, Плаќања, Испорака и Маркетинг, организирани во 10 главни предавања и 3 интерактивни панел дискусии презентирани од повеќе од 30 македонски и меѓународни говорници.

  • 400
    гости
  • 150
    компании
  • 31
    говорник
  • 8
    држави

Што рекоа посетителите:

5 ПРИЧИНАИ

зошто не смеете да го пропуштите настанот:

Состаноци и нетворкинг

Запознајте претставници, претприемачи, основачи и менаџери на средно и високо ниво, како и институции од поширокиот еко-систем на е-трговија кои ќе присуствуваат на настанот.

Експо и стартапи

Како изложувач ќе имате можност да ја претставите вашата компанија/производ на поширока публика, а како посетител ќе може да ги видите новите и иновативни производи и стартапи.

Учете од искусни говорници

Бројни домашни и меѓународни говорници со богато искуство во полето на е-трговијата ќе бидат на една сцена, со една цел – да ви го пренесат своето знаење на тема е-трговија.

Бидете во тек со најновите трендови во е-трговијата

Кои се најновите трендови кои го движат е-пазарот?

Забава и дружење

Запознајте нови луѓе и најважно, не заборавајте да се забавувате!