Роберт Тодоровски

“Тодоровски Роберт со 10 годишно работно искуство во областа на осигурувањето, во 2018 година го прифаќа предизвикот наречен Е-ТРГОВИЈА. Со Online ordering и Food Delivery се запознава преку компанијата Slice која важи за брзо-растечка компанија во САД, како Sales representative. Акумулираното искуство и знаење, од 2019 година успешно го пренесува во Кликни Јади, компанија која нуди онлајн нарачување и достава на храна и разни производи во Скопје до крајниот потрошувач. Како COO во Кликни Јади, ја започнува експанзијата на компанијата со зголемување на понудата од ресторани во Скопје, но и кон другите градови во Македонија, со понуда во Охрид, а наскоро и Тетово. Согласно потребите на клиентите на Кликни Јади во овој тежок период воведува Онлјан Маркет како дел од понудата во сорабокта со Ramstore. Во октомври 2020 година Кликни Јади гордо ги преставува своите нови мобилни апликации (Android и IOS) со цел да овозможи поедноставен пристап на своите клиенти до услугите на компанијата.”

This entry was posted in . Bookmark the permalink.