М-р Ѓоко Танасоски е генерален директор на Царинска управа на Република Северна Македонија. М-р Ѓоко Танасоски е дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет, при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Тој специјализирал и посетувал постдипломски наставни програми во две области и тоа: – Магистер по машински науки (магистрирал на машинскиот факултет, при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, на студиска програма Индустриско инженерство и менаџмент) и – Студиска програма за бизнис администрација – MBA Executive, (CITY Liberal Studies–Affiliated Institution of the University of Sheffield, во Солун).
М-р. Ѓоко Танасоски има работно искуство повеќе од 20 години, на раководни позиции во компании специјализирани за индустриско производство и продажба (Фулда ДООЕЛ, Цимос ДООЕЛ, LTH Castings ДООЕЛ). Исто така, има работно искуство во областа на интернационални осигурителните компании (Еуролинк Осигурување АД Скопје и Кроација Осигурување АД Скопје). Како генерален директор, негова визија е да ја направи Царинската управа на Република Северна Македонија водечка царинска администрација во регионот, која ќе биде силен поддржувач на легалната економија, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија.