Симона веќе 8 години е дел од тимот за продажба на ДХЛ Експрес Македонија – лидер на македонскиот пазар во меѓународниот транспорт и логистика. Таа ги води регионалните маркетинг кампањи и активности. Е-трговијата е во нејзиниот фокус веќе години наназад, нудејќи поддршка и решенија на сите е-трговци кои сакаат да го прошират својот бизнис ширум светот. Симона е магистер во полето на маркетинг и менаџмент, и има завршено Академија за дигитален маркетинг.