Од почеток на својата кариера работи во НЛБ Банка како дел од Службата за картично работење. Фокусот на својата работа го става на анализа на сигурноста на плаќањата со платежни картички и начини како да се подобри истата.
За време на своето 12 годишно работно искуство, како експерт учествува во многу проекти за имплементација на сигурноста во картичното работење и интернет плаќањата. Од самите почетоци е дел и од тимот кој работеше на имплементација и развој на е-трговијата како канал за продажба кој го понуди Банката. Исто така дел е од тимот на Competence center-от na ниво на НЛБ Групацијата одговорен за имплементација и развој на најновите безбедносни стандарди на банките членки на Групацијата.
Во текот на кариерата ангажирана е како учесник на повеќе домашни конференции од областа на платните системи, безбедноста при картичните плаќања и теми од областа на електронската трговија.