Горан Димитријевиќ

Горан е Маркет Директор за јужните пазари во водечката онлајн компанија за сликарски и креативен прибор во Централна и Југоисточна Европа – ARTMIE Ltd од Словачка. Започна да работи во онлајн трговијата во 2013 година и досега помина низ сите чекори на развој на компанијата, од мала локална компанија на домашниот пазар, до меѓународно респектабилен лидер во овој дел од Европа. Тој беше директно вклучен во проширувањето на Италијанскиот и Балканските пазари, како и на лансирање на нов регионален логистички центар и имплементација на ERP софтверско решение во компанијата. Во почетокот на 2019 година, компанијата отвори нова регионална канцеларија и Горан стана нејзин тим лидер.

Тој смета дека брзината е клучен фактор во онлајн трговијата. Тој стана специјалист за логистика и разви уникатни транспортни системи за секој од 13-те пазари на многу поефикасен начин од што е вообичаено можно. Заедно со тимот создаде специфичен систем за испорака помеѓу ЕУ и Србија и Македонија и ја забрза испораката на пакетите без потреба од локални магацини.

Сака да зборува за Белград, неговиот роден град, и со задоволство кажува за завршените студии на Економскиот Факултет во Белград, како и за учеството на Erasmus програмата на универзитетот Masaryk во Чешка.

Верува во системски пристап и напорна работа фокусирана на детали, и е убеден дека добриот систем може да го мотивира секој поединец да го даде својот максимум за доброто на тимот.


Панелист

This entry was posted in . Bookmark the permalink.