
Анастас Докоски дипломирал на Економски факултет “Св. Кирил и Методиј Скопје” – отсек Менаџмент.
Своето работно искуство во Халкбанк АД Скопје го започнува во 2012 година во Дирекција за Алтернативни канали на дистрибуција-Маркетинг. Веќе 5 години е дел од тимот на Халкбанк АД Скопје задолжен за промовирање Е-трговија, поддршка на клиентите при имплементирање на електронското плаќање на нивните веб продавници и мобилни апликации, развој на продукти и различни маркетинг кампањи во рамките на Дирекција за Алтернативни канали на дистрибуција-Маркетинг. Секојдневно е во комуникација со голем број на клиенти за изнаоѓање на најсоодветно решение за нивните веб продавници и за тоа како поуспешно да ги продаваат своите производи и услуги. Со голем ентузијазам придонесува за промовирање на Електронската трговија истакнуваќи ја потребата секој бизнис да започне со продажба преку нивните веб страни или мобилни апликации.
Посетата на големиот број конференции, обуки и работилници допринеле за стекнување на искуство во оваа област коe несебично го споделува со клиентите и колегите.