
Катерина е еден од основачите на EmbedSocial – SaaS платформа за генерирање и прикажување на содржини што корисниците ги споделуваат на друштвените мрежи за конкретна компанија. Платформата им помога на компаниите да ја синхронизираат содржината споделена на социјалните мрежи со нивните вебсајти, во реално време и автоматски.
Во 2009 година, таа беше дел од основачите на успешна дигитална-маркетинг агенција, која уште во 2011 година заедно со 100тина компании од цел свет, доби статус на Facebook Marketing Partner.
Искуството стекнато од агенциското работење, вклучувајќи изработка на дигитални апликации за големи брендови користени од илјадници корисници, го охрабри тимот да размислува во насока на изработка на свој, целосен продукт. Па така со помош на инвестиција во 2015 година, тимот започнува целосно да се трансформира во продукт компанија, насочени кон изработка на платформата EmbedSocial.
Во моментов главна одговорност на Катерина е раст на бројот на корисници, и креирање на канали за автоматизирање на процесот на конвертирање и задржување на корисниците. Дополнително таа работи на автоматизација на компанијата, со цел поставување на системи за да се овозможи скалирање во поголеми размери и обслужување на уште поголем број на корисници. Во оваа насока се и активности на дефинирање и спроведување на културата и главните вредности на компанијата, дедицирање на странски ментори на вработените со цел креирање на талент во EmbedSocial што органски ќе расте и ќе стекнува знаење кое не постои во регионот.
Овој глобален капацитет, беше препознаен и од Парискиот екосистемот за претприемачи – The Family, кои менторски му помагаат на тимот на EmbedSocial во креирање на не-фер предности во насока на акцелерирање на растот на компанијата.
Во 2018, Катерина заедно со нејзиниот тим ја започнаа првата глобална авантура и тоа во Јапонија, со отварање на канцеларија и дедицирање на тим кој директно ги обслужува локалните клиенти.
Во слободно време Катерина си игра со Лена и ‘Call of Duty’.