Дамјан Манчевски

Г-дин Манчевски има повеќе од десет годишно работно искуство во областа на ИКТ, како менаџер и извршен директор на неколку компании. Помеѓу 2005 и 2006 година работел и како инженер за радиофреквенции во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија на Парламентарните избори во декември 2016 година.

Неговата визија како министер за информатичко општество и администрација е да работи заедно со ИКТ компаниите кон креирање на иновативни решенија за зајакнување на ефикасноста на политиките и воведување на нови технолошки процеси за зајакнување на продуктивноста, издигнувајќи ја Македонија како пример за земјите од регионот во однос на дигиталната транформација. Заедно со неговиот тим, г-дин Манчевски ќе работи на создавање отчетна и транспарентна јавна администрација која работи во служба на граѓаните, преку ре-воспоставување на системот на заслуги и зајакнување на програмите за стручно оспособување на службениците. Реформата на јавната администрација (РЈА) ќе биде спроведувана во отворен, консултативен процес со граѓанското општество, со синдикатите, коморите и други релевантни чинители.

Г-дин Манчевски има диплома од Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на студиската програма Електротехника и телекомуникации. Во 2009 е Чивниг стипендист на Универзитетот Бирмингем во Обединетото Кралство, стекнувајќи се со сертификат на постдипломските студии. Во 2003 година учествувал во програмата на Стејт Департментот на САД „Млади Европски лидери и политиките на САД за актуелните политички, економски и социјални прашања“, додека пак од 2003 до 2004 година учествувал во „Школа за идни политичари“ во организација на Фондациите Фридрих Еберт и Алфред Мозер. Течно зборува англиски и српски/хрватски јазик.

This entry was posted in . Bookmark the permalink.