
Светлана е основач на Pixyle.ai, B2B SaaS стартап кој нуди визуелно API за анализирање на модни парчиња на фотографии, што им помага на платформите за е-трговија да ја подобрат конверзијата, продажбата и интеракцијата (engagement). Таа е и асистент-професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Поседува докторат за компјутерска визија и вештачка интелигенција при Универзитетот во Амстердам. За време на нејзината докторска дисертација, таа беше дел од проектот кој освои најдобри резултати за видео-пребарување на престижниот NIST TrecVID репер во САД, кој подоцна беше купен од Qualcomm. За едно поглавје од нејзиното докторско истражување, Светлана ја доби наградата за најдобар труд на Меѓународната конференција за Multimedia Retrieval во Њујорк, 2016 година. Нејзиниот стартап Pixyle беше дел од програмата Rockstart Artificial Intelligence, избрана од над 800 други стартапи од целиот свет.