За конференцијата можам да кажам дека е една од најдобро организираните на кои сум бил. Од друга страна, треба да се напомене дека сите карти беа продадени, што не е случај на други конференции. Беа опфатени бројни теми за е-трговија, маркетинг и динамичен ремаркетинг со Google и употреба на социјалните мрежи како што се TikTok и Instagram. Говорниците на конференцијата беа менаџери од сериозни меѓународни компании, а предност им беше дадена и на луѓето од регионот да ги изложат своите мали бизниси и на овој начин некако да се поддржи оваа регионална соработка. Исто така, треба да се напомене дека имаше голем број на учесници кои имаат свои бизниси, а исто така забележав дека на конференцијата имаше и голема можност за брзо запознавање и нетворкинг на сите настани кои беа во склоп на конференцијата.