
Офелија Бајо е дипломиран правник со правосуден испит. Во Царинска управа има 18 годишно искуство и од почеток на својата кариера во Царинска управа, работи во повеќе сектори, а фокусот на својата работа ја става на царински постапки, нивното поедноставување и олеснување на трговијата. Учествува во повеќе Проекти во рамките на Царинска управа, а еден од позначајните е имплементација на системот за електронска обработка на декларации и акцизни документи, како негов проектен менаџер. Исто така е дел од тимот на регионалниот проект за информации за пред пристигнување на пратки превезувани со брзи пошти. Во тек на кариерата ангажирана е како учесник на повеќе домашни и меѓународни семинари и конференции од областа на царински постапки.