УЧЕСТВУВАЈТЕ КАКО:

Услови за употреба

Последно обновено на 25.08.2021 Добрејдовте на веб страната на Годишната конференција за е-трговија, која ја организира Асоцијација за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Со користење на веб страната Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА

Асоцијација за е-трговија на Македонија, го поседува и менаџира веб сајтот www.ecommerceconferece.mk. Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени.

АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА НА БИЛЕТИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ИЛИ ДРУГИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.

Овие услови се применуваат на сите содржини на веб-сајтот ecommerceconference.mk.

  • Мирослав Крлежа 14/1-1, 1000 Скопје
  • +389 78 58 44 48 
  • info@ecommerce.mk
  • www.ecommerce.mk

 

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Асоцијација за е-трговија на Македонија ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Асоцијација за е-трговија на Македонија е строго забрането. Прекршување на општите услови за користење можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост. Асоцијација за е-трговија на Македонија може да ги промени овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. При користење на оваа платформа, не заборавајте да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате актуелните услови кои се обрзувачки за Вас како корисник. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

2. ПРИ КУПУВАЊЕ НА КАРТИ НА ВЕБ СТРАНАТА ECOMMERCECONFERENCE.MK КОРИСНИКОТ ГИ СПОДЕЛУВА СЛЕДНИТЕ ПОДАТОЦИ:

  • Вашето име
  • Вашето презиме
  • Вашата компанија
  • Вашиот телефонски број
  • Вашиот е-маил
  • Вашата адреса (улица, град, држава, поштенски код)

 

3. ВРСКИ (ЛИНКОВИ) КОН ДРУГИ ВЕБ ЛОКАЦИИ

Врските (линковите) на веб сајтот на конференцијата кон други локации (веб страни на трети страни)се поставени за промотивни цели и полесен преглед на содржините. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на трети страни кои не се поврзани со овој веб сајт, тоа го правите на сопствен ризик односно Асоцијација за е-трговија на Македонија не е одговорна за било какви содржини и активности на трети страни.


4. ПРИСТАП ДО САЈТОТ

Асоцијација за е-трговија на Македонија го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на АЕТМ, и АЕТМ не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на АЕТМ е овој веб-сајт а да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на АЕТМ, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

Асоцијација за е-трговија на Македонија има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

 

I want to be a partner/sponsor of the conference

Fill out the form and a member of our team will contact you shortly, so we can refine the cooperation.

If you think you are an ideal speaker for this conference, contact us!

Fill out the form and a member of our team will contact you as soon as possible, so that we can specify the cooperation.

Сакам да бидам партнер/спонзор на конференцијата

Пополнете го формуларот и член на нашиот тим ќе ве контактира наскоро, за да ја дефинираме соработката.

Ако мислите дека сте идеален говорник за оваа конференција, контактирајте не!

Пополнете го формуларот и член на нашиот тим ќе ве контактира што е можно поскоро, за да можеме да ја прецизираме соработката.